• сабота, 28 декември 2024

Техничка пауза во преговорите меѓу Русија и Украина, ќе продолжат утре

Техничка пауза во преговорите меѓу Русија и Украина, ќе продолжат утре
Киев, 14 март 2022 (МИА) - Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина е прекината за денеска и ќе продолжи утре, изјави еден од украинските преговарачи Михаил Подољак. „Направена е техничка пауза во преговорите до утре. За дополнителна работа во работни подгрупи и појаснување на поединечни дефиниции. Преговорите продолжуваат“, напиша Подољак на Твитер. Денеска започна четвртиот круг преговори меѓу Русија и Украина, а Подољак претходно изјави дека се водат тешки разговори. аа/

Остани поврзан