• четврток, 19 декември 2024

Тетовското зонско паркирање од денеска со летно работно време

Тетовското зонско паркирање од денеска со летно работно време

Тетово, 3 мај 2022 (МИА) - Летното работно време и наплаќањето на зонско паркирање започнува од денес во Тетово и ќе трае се до 30 септември информираат од општинското јавно претријатие за градски паркинг. Летното работно време во зоните А, Б и Ц е од 7 до 23 часот, а во сабота до 7 до 14 часот. Недела и државни празници зонското паркирање е бесплатно

-Се замолуваат возачите да се придржуваат до работното време и уредно да плаќаат за паркинг услугите, за да се избегнуваат непријатни ситуации, односно блокирање на возила и нивно отстранување со пајак службата.Редот во сообраќајот и паркирањето ќе го подобриме само со взаемна соработка, информираат од ЈП „Градски паркинг“ Тетово.

Досега во зимското работно време од октомври до април зонското паркирање се наплаќаше од 7 до 21 часот, а во сабота исто до 14. Во зона А зонско паркирање во Тетово чини 40 денари, додека во Зона Б, 30 денари од еден час и во зона Ц е 20 денари.

Од претријатието информираа дека викендов непознати сторители целосно ја оштетиле наплатната рампа на затворениот паркинг "Лирија", спроти судот во Тетово. Случајот е пријавен во полиција.

-ЈП "Градски паркинг" повторно апелира граѓаните да се воздржуваат од вакви несакани вандализми. Урбаната опрема треба сите да ја чуваме, градот припаѓа на сите подеднакво. Ова не е добра слика на нашето Тетово, информираат од претријатието.

Оттаму велат дека сите паркинзи се покриени со безбедносните камери, а сторителите ќе се дознаат преку прегледувањето на снимките.ас/свс

Остани поврзан