• среда, 25 декември 2024

Тетовски пожарникари се обидувале да го фатат кучето кое угина по пад од недоизградена зграда

Тетовски пожарникари се обидувале да го фатат кучето кое угина по пад од недоизградена зграда

Тетово, 23 март 2024 (МИА) - Тетовската пожарникарска едниница информира дека вчера по повик на инвеститор на повеќекатница во градот интервенирале со цел да извадат бездомно куче, но тоа се уплашило и почнало да бега од двајцата пожарникари. Кучето паднало од седмиот кат на зградата, за што на социјалните мрежи вчера се споделуваше видео, а според пријавеното во полицијата, животното угинало по падот.

Голем дел до граѓаните кои го споделија видеото на социјалните мрежи напишаа дека кучето било фрлено од човек.

Во изјава за МИА, командирот на тетовската противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, Авни Амети објасни дека никој не го фрлил кучето туку, дека тоа било исплашено и бегало од пожарникарите кои добиле повик да го изнесат од објектот кој е во градба.

Според Амети, пожарникарите постапиле како што и правеле и во минатото кога отстранувале змии или спуштале мачки од високо.

- Кучето се качило до горе до седми кат, пожарникарите се труделе да го фатат и да го симнат долу. Нормално кучето се исплашило или нешто се случило и газдата бил тука. Воедно и на снимката не се гледа човек, туку се гледа кучето со глава, што според мене кажува дека сака да скока, во смисла да се спаси. Бев во зградата, балконите не се доградени. Јас не верувам дека пожарникар може да направи такво нешто и да фрли куче од седмиот кат од зградата. Ако има такво нешто, ако се докаже дека навистина пожарникар го фрлил, секако ќе се преземеме одговорност за таквиот случај не можеме да дозволиме ваков немил настан, да се случува во градот Тетово. Ги замолувам и газдите што градат објекти во Тетово, тие да бидат затворени за да немаме вакви случаи, да не се качуваат кучиња во нивните згради, па да одиме да интервенираме па после да излеземе криви, дека намерно сме ги фрлале кучињата од таму, изјави Авни Амети.

Здружението за заштита на животно Анима Мунди во реакција за случајот побара под итно да се воведе полиција за животни и затворски казни за мачење и убивање на животните.

Жител на Тетово кој живее во зградата од спротива го пријавил случајот во СВР Тетово. Од таму најавија дека ќе се почне истрага за расчистување на случајот.

-Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица "Благоја Тоска" во Тетово,, спроти зградата во која тој живеел, од шесттиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало.Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари, се вели во соопштението на СВР Тетово. 

Полицијата ќе продолжи со документирање и расчитување на случајот. ас/ев/

Остани поврзан