Тетовскиот градоначалник Касами најавува проекти во соработка со дијаспората
- Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами одржа средба со претставници на Координативниот совет на дијаспората со цел остварување на соработката.
Тетово, 17 декември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами одржа средба со претставници на Координативниот совет на дијаспората со цел остварување на соработката.
Тој најави реализирање на проекти насочени кон зајакнување на врските со дијаспората и промовирање на инвестициите во Општина Тетово.
-Посебно сум среќен што денес не посетија важни луѓе од албанската дијаспора, од Координативниот совет на дијаспората. Во рамките на овој совет се битни членови на албанската дијаспора секаде во светот, од САД, Канада, Велика Британија, Франција, од сите европски држави и од регионот. Се работи за институција која придонесува во делот на соработката на Албанците секаде во светот. Со нив разговаравме за конкретни проекти со кои може да соработуваме во иднина. Посебна благодарност до еден важен член на нашето општество, еден важен граѓанин Лазим Дестани. Во иднина заедно со него и заедно со советот ќе работиме, ќе соработуваме за да реализираме проекти во интерес на сите граѓани во Тетово, рече Касами.
Тој рече дека вчера претходел состанок со претставничка на дијаспората, која води институција за поддршка на жените. ас/дма/
Фото: МИА