• среда, 25 декември 2024

Тетово првпат домаќин на меѓународен турнир во одбојка на песок

Тетово првпат домаќин на меѓународен турнир во одбојка на песок
Тетово, 2 јули 2021 (МИА) - Меѓународен турнир во одбојка на песок првпат се одржува во Тетово. На спортските терени на Универзитетот во Тетово од денеска до 4-ти јули ќе се натпреваруваат екипи  на  репрезентации на Северна Македонија, Албанија, Хрватска, Србија, Турција, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. На свеченото отворање се обрати ректорот на Универзитетот, Вулнет Амети кој истакна дека турнирот се организира во соработка со Одбојкарската федерација на С Македонија -Секако е дека добра можност една плодна средба меѓу нашите институции преку оваа спортска активност да донесеме разни меѓународни искуства, поврзани со квалитетот, конкуренцијата и унапредувањето на спортските науки. Меѓу посебните вредности на овој важен турнир мора да ја потенцираме размената на искуства помеѓу екипите учесници од нашата земја, Албанија, Хрватска, Србија, Турција, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Универзитетот во Тетово високо го цени учеството на познати одбојакрски екипи на оваа спортска активност и посакуваме по нејзиното финализирање да ја продолжиме соработката и на други проекти со Одбојкарската федерација на Северна Македонија, рече ректорот Амети. Петар Јовановски, претседател на Одбојкарската федерација посака добри игри и забава во деновите од турнирот. -На ова место се спојуваат науката и спортот. Науката без спортот не може да постои, се надевам дека учесниците со нивната игра ќе не забавуваат овие три дена, рече Јовановски.ас/лв/  

Остани поврзан