• петок, 27 декември 2024

Тест на СЛС-ракета на НАСА одложен третпат месецов

Тест на СЛС-ракета на НАСА одложен третпат месецов
Хјустон, 18 април 2022 (МИА) - По неколку неуспешни тестови за полнење гориво кај новата СЛС-ракета, американската вселенска агенција НАСА одлучи да го врати леталото во вселенскиот центар „Кенеди“. Тестирањето на лансирната рампа е прекинато и сѐ уште не се знае кога ќе продолжи, а сега следат поправки. Од 1 април, НАСА трипати се обиде да спроведе тестирање поврзано за мисијата „Артемис 1“, што вклучува патување до Месечината. Станува збор за тестирање на процедурата за одбројување на СЛС. Проблемот е поврзан и со снабдувањето со азот. НАСА, исто така, има намера да ја искористи оваа можност за да го замени неисправниот вентил за хелиум, како и да го реши проблемот со малите истекувања на водород што техничарите ги открија на еден од доводите за гориво. - Нема сомнеж дека ќе спроведеме тестови кои ќе не одведат на следниот чекор во овој потфат. Ќе ги преземеме сите чекори и ќе ја лансираме оваа ракета, изјави директорот одговорен за мисијата, Чарли Блеквел-Томпсон. Одложувањето може да влијае на крајниот рок за спроведување на мисијата. НАСА нема да објави конечен датум за лансирање додека ракетата не ги мине предвидените тестови. си/сд/

Остани поврзан