• сабота, 23 ноември 2024

Тестирано семејството на починатиот од Ковид-19 од Чаир

Тестирано семејството на починатиот од Ковид-19 од Чаир
Скопје, 31 мај 2020 (МИА) - Семејството на покојникот - на кој посмртниот брис му бил позитивен на коронавирус, денеска е тестирано. Тие прифатиле да бидат тестирани и земени се брисеви од 14 луѓе, напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче. -Во Центарот за јавно здравје се пријавиле неколку семејства кои присуствувале на погребот. Осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кому посмртно бил дијагностициран Ковид-19, пишува Филипче. Министерството за здравство вчера соопшти дека за овој случај, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје информирал дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе. дма/

Остани поврзан