• среда, 25 декември 2024

„Тесла“ пушти поевтини верзии на пазарот во САД

„Тесла“ пушти поевтини верзии на пазарот во САД

Лос Анџелес, 15 август 2023 (МИА) - Компанијата „Тесла“ за американскиот пазар пушти во продажба поевтини верзии на своите електрични автомобили „Модел С“ и „Модел Икс“. Тие се за 10.000 долари или 9.155 евра поевтини од првичните модели, пренесуваат западните медиуми.

Почетната цена на електричниот автомобил „Модел Икс стандард рејнџ“ е 88.490 долари (81.000 евра), а „Модел С стандард рејнџ“ чини 78.490 долари (71.885 евра). Според познавачи, ова е доказ дека конкуренцијата на пазарот на електромобили е сѐ посилна, а „Тесла“ се стреми да освои што поголем удел и да ја зголеми продажбата на своите автомобили на сметка на маржите.

Од април до јуни годинава, автопроизводителот објави дека нејзината оперативна маржа е 9,6 отсто, што е најниска за последните пет тримесечја. Американската компанија континуирано ги намалува цените на своите електрични возила на клучните пазари, а во неделата ги снижи и „Модел Ипсилон“ и „Модел 3“ за Кина.  си/сд/

 

Остани поврзан