• четврток, 26 декември 2024

„Тесла“ повлекува 1,1 милион возила поради дефект со прозорците

„Тесла“ повлекува 1,1 милион возила поради дефект со прозорците

Лос Анџелес, 23 септември 2022 (МИА) - Автомобилската компанија „Тесла“ повлекува 1,1 милион возила во САД поради дефекти во системот за автоматско спуштање и кревање на прозорците што може да не открие пречка при движење на прозорец и да предизвика повреда, пишува „Блумберг“.

Самоуправувачкото отворање и затворање работи така што спречува повреда на патниците во возилото - со запирање на прозорецот ако тој наиде на пречка. Ова масовно повлекување опфаќа возила „Модел 3“ (произведени 2017 - 2022), „Модел Ипсилон“ (2021 - 2022), „Модел С“ и „Модел Икс“. Компанијата соопшти дека засега не се пријавени какви било барања во однос на гаранциите, како ни незгоди, несреќи, повреди, ниту смртни случаи поврзани со овој проблем.  си/

Остани поврзан