• сабота, 23 ноември 2024

Тесла на листата службени возила на германската Влада

Тесла на листата службени возила на германската Влада
Берлин, 30 јануари 2020 (МИА) - Компанијата Тесла отсега е на списокот автомобили на германската Влада,што традиционално го чинат Ауди, БМВ, Мерцедес и Фолксваген. Тесла е првата не-германска компанија на оваа листа. Весникот „Билд“ објави податоци за доверливата листа што открива дека Ауди, БМВ, Мерцедес, Фолксваген и компанија Тесла се одобруваат како производители на автомобили за службена употреба. Како конкретна причина се наведува тоа што традиционалните автопроизводители „нема да можат во краток рок да ги задоволат строгите еколошки потреби со своите премиум модели и дека поради тоа се бара соодветна замена“, како што се наведува во неофицијалниот извештај. Според податоците, годишниот трошок на Тесла е еднаков или помал од оние на другите споменати фирми. Тесла, инаку, донесе одлука - во Берлин да гради своја „гигафабрика" за електрични автомобили, прва во Европа. Во неа, од 2021 година е зацртано првично производство на 150.000 возила, со проектиран иден раст од над половина милион возила годишно. Се очекува и отворање на околу 8.000 нови работни места. си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан