• среда, 25 декември 2024

„Тесла“ испорачала 36 отсто повеќе електромобили од лани

„Тесла“ испорачала 36 отсто повеќе електромобили од лани

Лос Анџелес, 3 април 2023 (МИА) - Во првото тримесечје годинава, компанијата „Тесла“ испорачала 36 отсто повеќе електрични автомобили отколку на почетокот на 2022 година, откако повторно ги намали цените.

Американскиот автопроизводител извести дека првите три месеци оваа година се испорачани 422.875 возила. Истиот период лани тие испорачале 310.048 единици. Од јануари до март, компанијата произвела 440.808 возила - 44 отсто повеќе отколку истиот период лани.

При намаленијата во јануари, „Тесла“ ги снижи цените на седаните „Модел С“ и спортските возила „Модел X“, и тоа за дури 20 отсто. Така, „Модел С“ е намалена за околу 5.000 долари, а „Модел X“ - за околу 10.000 долари.

Извршниот директор Илон Маск предупреди дека можеби ќе треба да ги намалат цените за да го одржат растот во услови на зголемени каматни стапки и закана од рецесија, што може да значи помала заработка. Во јануари тој истакна дека претходните намаленија ја поттикнале побарувачката.  си/

Остани поврзан