• среда, 25 декември 2024

Тер Штеген ќе ги пропушти јунските натпревари на Германија во УЕФА Лигата на нации

Тер Штеген ќе ги пропушти јунските натпревари на Германија во УЕФА Лигата на нации
Берлин, 4 мај 2022 (МИА) – Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген ќе ги пропушти натпреварите на Германија во УЕФА Лигата на нации во јуни со Италија, Англија и Унгарија. - Марк и јас зборувавме многу отворено и детално за неговата лична ситуација во националниот тим и во Барселона. Марк е еден од најдобрите голмани во светот, но изминатите две години не го искористи периодот во меѓусезоната за целосно закрепнување. Во пресрет на претстојното Светско првенство во Катар, двајцата се согласивме дека следниот период годинава без натпревари или тренинзи е важен и има смисла за него, изјави Ханс Дитер Флик, селектор на германската репрезентација. И самиот голман смета дека летната пауза ќе му биде од корист. - Секогаш уживам што сум дел од репрезентацијата и среќен сум секој пат кога ќе добијам повик. Од друга страна, по три интензивни сезони без вистинска летна пауза, мило ми е што селекторот на репрезентацијата го дели моето мислење дека ми треба пауза и ме поддржа, изјави Тер Штеген. Во јуни германската репрезентација ќе одигра четири натпревари во Лигата на нации - двапати со Италија (4 и 14 јуни), а ќе се сретне и со Англија (7 јуни) и Унгарија (11 јуни). зс/

Остани поврзан