Терористи обезглавија 50 луѓе во Мозамбик
- Исламски терористи обезглавија 50 луѓе во северниот дел на Мозамбик, објавија локалните медиуми
![Терористи обезглавија 50 луѓе во Мозамбик](https://new.mia.mk/index.php/images/20221105012033_big_730x400_97.webp )
Мапуто, 10 ноември 2020 (МИА) - Исламски терористи обезглавија 50 луѓе во северниот дел на Мозамбик, објавија локалните медиуми.
Група екстремисти, поврзани со Исламистичка држава, отворилке оган врз жителите на неколку села, а потоа преживеаните ги одвеле во фудбалското игралиште во селото Муатиде, каде ги обезглавиле.
Во провинцијата Кабо Делгадо судирите со екстремистичката група траат неколку денови. ми/