• сабота, 23 ноември 2024

Територијалната противпожарна единица од Виница доби интервентно возило донација од Словенија

Територијалната противпожарна единица од Виница доби интервентно возило донација од Словенија

Виница, 20 јануари 2023 (МИА) – Возниот парк на Територијалната противпожарна единица од Виница е проширен со уште едно специјализирано возило што пожарникарите го добија како донација од своите колеги од Доброволното противпожарно друштво од општина Пуцонци во Република Словенија.

Возилото ќе се користи при интервенции за гаснење пожари и располага со дополнителна пожарникарска опрема, а има и вграден резервоар со капацитет од четири илјади литри вода.

-Иако се работи за веќе користено возило од австриската марка „штајер“, тоа е во одлична состојба и веднаш ќе го ангажираме како навално при интервенции во урбаните средини, но и на отворен простор. Опремено е со вител, пумпа и придружни елементи, а располага и со специјализиран топ за распрскување на водата од далечина. Може да превезе тројца пожарникари, а поволност е што има погон на сите четири тркала со што ќе се користи и на тешко пристапни и ридести терени, истакна Виктор Димитров, командир на ТППЕ – Виница.

Интервентното противпожарно возило е обезбедено во соработка со македонската подружница на компанијата „Рото“ во Виница, чија централа е во Словенија. Ова е втора ваква донација, откако пред една година виничките пожарникари добија интервентно возило со опрема и додатоци за брза интервенција, кое може да превезува девет лица.та/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан