• четврток, 26 декември 2024

Терзиќ најмлад тренер во 21 век кој го освоил Купот на Германија

Терзиќ најмлад тренер во 21 век кој го освоил Купот на Германија
Дортмунд, 14 мај 2021 (МИА) - Борусија Дортмунд го победи РБ Лајпциг со 4:1 во финалето на Купот на Германија одиграно синоќа во Берлин. Тренерот на „црно-жолтите“, 38-годишниот Един Терзиќ стана најмладиот тренер во 21 век кој го освоил овој турнир. За одбележување е дека кога Вердер Бремен го освои фудбалскиот Куп на Германија во 1999 година, главниот тренер на клубот од Бремен, Томас Шаф, во тоа време имаше исто така 38 години. зс/

Остани поврзан