• сабота, 27 јули 2024

Терзиќ: Кога работите се решаваат на еден натпревар, се е можно

Терзиќ: Кога работите се решаваат на еден натпревар, се е можно

Лондон, 31 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Борусија Дортмунд - Един Терзиќ, зборуваше на прес-конференција пред финалето помеѓу неговиот тим и Реал Мадрид.

„Лос бланкос“ се сметаат за фаворити, но тренерот на „жолто-црните“ ги цени квалитетите на своите играчи.

-Знаеме дека тие се најуспешниот тим на овој турнир. Имаме само два порази оваа сезона и гледам дека сме подготвени да настапиме на нашето највисоко ниво. Кога работите се решаваат на еден натпревар, се е можно. Тие се во улога на фаворити, но ние не бевме фаворити на натпреварите против Атлетико, како и против Пари Сен Жермен, изјави Терзиќ на пресот пред мечот. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан