Теренски прегледи на жителите од руралните средини во делчевско во рамки на програмата „Здравје за сите“
- Здравствениот дом „Гоце Делчев“ Делчево почнува со активности за бесплатно мерење на шеќер во крвта наменети за жителите од руралните средини. Од установата веќе го објавија распоредот за теренската работа која започнува утре (10 април) во селото Бигла.

Делчево, 9 април 2025 (МИА) - Здравствениот дом „Гоце Делчев“ Делчево почнува со активности за бесплатно мерење на шеќер во крвта наменети за жителите од руралните средини. Од установата веќе го објавија распоредот за теренската работа која започнува утре во селото Бигла.
-Јавната установа Здравствен дом „Гоце Делчев" Делчево ги известува жителите на општина Делчево дека теренски ке врши беслатно мерење на шекер во крвта, мерење на крвен притисок, давање на совети за здравјето. Ке се посетуваат населени рурални места со тим од лекар и медицинска сестра по следниот редослед: населено мести село Бигла, 10.04.2025 ( четврток пред продавницата во селото) и село Разловци 11.04.2025 (петок - во здраствениот пункт), информираа од установата.
Прегледите како што додадоа ќе се одвиваат во периодот од 10 до 12 часот.
-Во наредниот период ке следуваат и други акции во населените рурални места, за што жителите ќе бидат дополнително известени, додадоа од ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ Делчево.
Здравствеите прегледи се реализираат во рамките на програмата, Здравје за сите". вс/ дма/