• среда, 20 ноември 2024

Теренска вакцинација против Ковид-19 за жителите во руралните средини и домовите за стари лица

Теренска вакцинација против Ковид-19 за жителите во руралните средини и домовите за стари лица
Скопје, 9 февруари 2021 (МИА) - Во Националниот план за имунизација против Ковид-19, предвидена е т.н. теренска вакцинација, наменета за руралните средини и за домовите за стари лица, со цел здравствената услуга да им се приближи на граѓаните, изјави претседателката на Комитетот за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, во вечерашното гостување на „Топ тема“ на телевизијата „Телма“. - Неслучајно ја избравме постоечката мрежа за имунизација, затоа што видовме дека кај редовната вакцинација, вака поставената инфраструктура, функционира. Ние и тековно имаме т.н. теренска вакцинација, не само во руралните места туку и во старските домови, каде што услугата треба да се доближи до пациентот. Овие лица, кои влегуваат во ризичната популација, односно во приоритетната група, која ќе биде опфатена, ќе бидат контактирани, изјави Грозданова, која рече дека очекува во оваа активност да се вклучат и матичните лекари. Таа потенцира дека со националниот план е предвидено вакцинацијата против Ковид-19 да биде достапна до сите.ир/лв/

Остани поврзан