• недела, 24 ноември 2024

Теренската вакцинација продолжува утре во над 70 населени места

Теренската вакцинација продолжува утре во над 70 населени места
Скопје, 13 јули 2021 (МИА) - Теренската вакцинација продолжува и утре во над 70 населени места, соопшти Министерството за здравство. Министерството попладнево информира дека вакцинацијата ќе се одвива во следниве населени места: Скопје – Петровец, Ржаничино, Огњанци, Ќојлија, Горно Коњари, Средно Коњари, Долно Коњари, Чифлик, Сушица, Катланово; Кратово – Туралево, Шлегово; Виница – Пеклани, Трсино, Трстија; Демир Хисар – Стругово, Кутретино, Суводол; Струга – Мислодежда, Богојци, Поум; Крушево – Бучин; Ростуше – Маврови Анови; Струмица – Раборци, Попчево; Неготино – Црвени Брегови, Курија, Војшаници; Пробиштип – Ратавица; Валандово – Дедели и Собри; Берово – Двориште; Кочани – Спанчево; Кичево – Црвивци, Мамудовци; Кавадарци – Сопот, Марена; Битола – Буково, Крстоар, Бистрица, Олевени, Барешани, Канино; Охрид – Горно и Долно Средоречје, Грко Поле, Лешани, Велмеј, Брежани; Македонски Брод – Брест; Велес – Мелница, Лисиче, Г. Врановци; Крива Паланка – Жидилово, Узем; Кумановски и Липковски регион – Младо Нагоричане, Војник, Стрезовце, Орах, Ругинце, Дренак, Клечовце, Зубовце, Јачинце, Довезенце, Бељаковце, Мургаш, Новосељане и Косматац; Штип – Стар Караорман, Нов Караорман, Таринци; Од Министерството посочуваат дека процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здравствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници, додавајќи дека секојдневно ќе информираат преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид-19. рп/сп/

Остани поврзан