• вторник, 24 декември 2024

Терените со вештачка трева забранети во шкотската Премиер лига

Терените со вештачка трева забранети во шкотската Премиер лига

 

Глазгов, 6 јуни 2024 (МИА) – Шкотските фудбалски прволигаши одлучија од сезоната 2026/27 да не се игра веќе фудбал на стадиони кои имаат терен со вештачка трева.

Во следните две години сите шкотски тимови кои настапуваат во елитната лига ќе мораат да имаат терени со природна трева, за што гласаа девет од вкупно 12 екипи.

Во моментов, единствениот тим кој е директно засегнат со оваа одлука е Килмарнок, кој почна да игра на вештачка трева во 2014 година, а во 2023 година најави дека ќе се врати на терен со природна трева од есента 2025 година.

„Одлуката беше диктирана од поплаките на играчите за голем број повреди предизвикани од настапите на вештачка трева. Шкотска не е арктичка земја, да се користи вештачка трева“, се вели во соопштението на Бордот на шкотската Премиер лига. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан