• среда, 25 декември 2024

Тен Хег за ремито со Твенте: Бевме казнети за сопствената грешка

Тен Хег за ремито со Твенте: Бевме казнети за сопствената грешка

Манчестер, 26 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг е разочаран од исходот на синоќешниот натпревар со Твенте.

Премиерлигашот одигра 1:1 со холандскиот тим во натпреварот од 1. коло од Лига Европа.

- Му дозволивме на Твенте да остане во игра. Водевме 1:0, го контролиравме натпреварот... Моравме да покажеме присебност и да продолжиме во ист дух и во вториот дел. Не можевме да ја завршиме работата. Требаше да постигнеме втор гол, но бевме казнети за сопствена грешка. Откако ќе го преземете водството, треба да одите и да постигнете повеќе. Да, тоа беше нашиот прв натпревар во Лига Европа, но беше многу важно да победиме, изјави Тен Хаг за официјалниот сајт на УЕФА.

Следниот натпревар од Лигата на Европа, Манчестер јунајтед ќе го игра на 3 октомври против Порто. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан