• недела, 06 октомври 2024

Тен Хаг: Состојбата во Манчестер јунајтед не е добра, но има потенцијал за успех

Тен Хаг: Состојбата во Манчестер јунајтед не е добра, но има потенцијал за успех
  Манчестер, 23 мај 2022 (МИА) – Новиот тренер на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави денеска за клупската телевизија дека состојбата на „Олд Трафорд“ „не е толку добра“, но изрази уверување дека може да постигне успех. Тен Хаг вчера од трибините го гледаше поразот на неговиот нов клуб од Кристал Палас (0-1) во последното премиерлигашко коло, со што Јунјатед ја заврши сезоната на шестото место. - Актуелната состојба не е добра и мораме да ја прифатиме, но, исто така, мораме да бидеме свесни дека овој тим пред една година беше второпласиран во Премиер лигата, изјави Тен Хаг. - Потенцијалот постои и сега нашата задача е тоа да го извлечеме од играчите. Тоа е процес и ќе биде потребно време, но уверен сум дека ќе можеме да дојдеме до точката кога ќе оствариме успех, порача холандскиот стратег на клупата на Јунајтед. ег
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан