• сабота, 21 декември 2024

Тен Хаг блиску до потпишување на нов договор со Манчестер јунајтед

Тен Хаг блиску до потпишување на нов договор со Манчестер јунајтед

Манчестер, 25 јуни 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг наскоро ќе потпише нов договор со клубот, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Според Романо, речиси е договорена нова соработка со 54-годишниот фудбалски стручњак. Оваа недела страните ќе влезат во завршна фаза од преговорите.

Тен Хаг е на чело на Манчестер Јунајтед од летото 2022 година.

Минатата сезона „Црвените ѓаволи“ завршија на осмото место во поредокот во Премиер лигата и го освоија ФА Купот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан