• вторник, 19 ноември 2024

Тен Хаг би можел да се врати во Баерн Минхен

Тен Хаг би можел да се врати во Баерн Минхен

Минхен, 4 мај 2024 (МИА) - Раководството на Баерн Минхен ги разгледува опциите за нов тренер на тимот во новата сезона. Баварците веќе беа одбиени од Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник.

Германскиот гигант се договори со актуелниот менаџер Томас Тухел да го напушти клубот на крајот од сезоната. Останувањето на Германецот во следната кампања е опција за клубот, но се разговара и за други опции.

Меѓу нив е и менаџерот на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг, информира „БИЛД“. 53-годишниот Холанѓанец би можел да биде ослободен на крајот од сезоната и враќањето на „Алијанц Арената“ е една од опциите како замена за Тухел.

Тен Хаг веќе работеше во Баерн. Помеѓу 2013 и 2015 година го водеше резервниот тим на баварскиот колос. Неговата кариера потоа помина низ Утрехт, Ајакс и Олд Трафорд. Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ е до летото 2025 година.

Останатите имиња на списокот на спортскиот директор Макс Еберле се Хулен Лопетеги, Роџер Шмит (Бенфика) и Роберт Де Зерби (Брајтон). 

Последниот веќе најави дека сака да остане на чело на „галебите“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан