Температурата во одделни делови на Кина достигнаа рекордно ниско ниво
- Според прогнозите, градот Јичун, во покраината Хејлонгџијанг, може да забележи рекордно ниска температура од минус 47,9 степени Целзиусови, пренесуваат британските медиуми.
Пекинг, 17 декември 2023 (МИА) - Температурите во некои делови на Кина, вклучително и провинциите Шанси, Хебеј и Лиаонинг, достигнаа најниско ниво од почетокот на водењето на евиденцијата, јави денеска кинеската државна телевизија.
Според прогнозите, градот Јичун, во покраината Хеилонгџанг, може да забележи рекордно ниска температура од минус 47,9 степени Целзиусови, пренесуваат британските медиуми.
Кинескиот претседател Си Џинпинг пред два дена повика на итна реакција на студениот бран во земјата што почна на почетокот на неделата, со врнежи од снег и замрзнати патишта, а густата магла предизвика повеќе сообраќајни несреќи.
Во главниот град Пекинг времето се подобрува, а властите најавија дека училиштата повторно ќе се отворат откако учениците минатата недела неколку дена имаа онлајн настава. сд/
фото:ЕПА