• сабота, 23 ноември 2024

Тело на маж извлечено од водите на Вардар кај Чегране 

Тело на маж извлечено од водите на Вардар кај Чегране 
Гостивар, 31 декември 2020 (МИА) - Безживотно тело на маж, попладнево и е извадено од водите на Вардар на излезот од гостиварското село Чегране. Според последните информации сè уште не е познат идентитетот на жртвата. Во меѓувреме, местото го обезбедуваат полициски службеници и се врши увид на во близина на мостот, каде е забележано безживотното тело и се работи на утврдување на причините за смртта. Мујдин Д. очевидец кој го забележал телото, за МИА рече дека од понеделникот често поминувал покрај местото, но не забележал ништо со оглед на високото ниво на водата. Денеска околу 13 часот кога нивото на водата се спуштило, видел дека под мостот, има човечко тело по што го пријавил случајот. Тој посведочи дека телото било во фаза на распаѓање и во лоша состојба. Во меѓувреме екипа на СВР Тетово работи на расветлување на настанот, а повикан бил јавен обвинител. Се очекува да биде наредена обдукција по што ќе се зае идентитетот на починатиот и причините за смртта. згм/вј/ .

Остани поврзан