• понеделник, 18 ноември 2024

Телефонско пријавување против „булинг“ во училиштата

Телефонско пријавување против „булинг“ во училиштата

Скопје, 21 септември 2023 ( МИА) - Општина Кисела Вода, и оваа година нуди системско решение за справување со булингот,  вклучувајќи го повторно во функција телефонскиот број: 078/358 – 639, каде жртвите на меѓуврсничко насилство може бесплатно да добијат поддршка од тим од психолози од невладиниот сектор.

Како што известуваат од Општина Кисела Вода, оваа мерка, која лани беше промовирана за прв пат од општината, има за цел да им понуди помош на жртвите од врсничко насилство или на нивните блиски.

-Во соработка  со Младинскиот центар „Крик” чиј претседател е Мила Ангелевска Кардафова, еден од психолозите кои овозможува бесплатна помош и поддршка за спречување на насилната појава, ќе се  надмине стравот и срамот за проблемот, како и да се изнајде начин тој што побезболно да се реши, се додава во соопштението. љм/дма/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан