• петок, 27 декември 2024

Телефонски разговор Шојгу - Еспер

Телефонски разговор Шојгу - Еспер
Москва, 18 август 2020 (МИА) - Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска телефонски разговараше со американскиот колега Марк Еспер за зајакнување на довербата и транспарентноста со цел да се спречат воени инциденти. Како што соопшти руското Министерство за одбрана, разговорот бил инициран од САД, а двајцата министри разговарале и за ситуацијата во различни делови на светот. Шојгу и Еспер разговараа и за меѓународните договори за контрола на вооружувањето. САД во текот на денот ја известија Русија за условите за продолжување на договорот со кој се ограничува распоредувањето на стратешкото нуклеарно оружје, што истекува во февруари следната година. Рускиот и американскиот министер за одбрана претходно имаа телефонски разговор на 2 јули.

Остани поврзан