Телефонски разговор Хан – Трамп
- Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Хан Деок-су денеска имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап

Сеул, 8 април 2025 (МИА) – Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Хан Деок-су денеска имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Тоа е прв контакт помеѓу Хан и Трамп. Телефонскиот разговор се одржа четири дена откако Уставниот суд на Јужна Кореја ја потврди смената на претходниот претседател Јун Сук-јол, поради тоа што во декември прогласи воена состојба.
- Сеул со месеци е зафатен од дипломатска и политичка несигурност во време кога Јужна Кореја се соочува со голем број проблеми – од царините на Трамп до растечките воени закани од Северна Кореја, наведува Јонхап. ми/
фото: МИА архива