• среда, 25 декември 2024

Телефонски разговор Путин-Бајден за обидот на атентат врз Лукашенко

Телефонски разговор Путин-Бајден за обидот на атентат врз Лукашенко
Москва, 19 април 2021 (МИА) - Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден разговараа по телефон за обидот за атентат врз белорускиот претседател Александар Лукашенко, потврди Кремљ. - Да, разговараа, кратко им одговори на новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува агенцијата ТАСС. Тој не сакаше да одговори на прашањето дали администрацијата на Бајден е на кој било начин вклучена во организацијата на атентатот, но рече дека специјалните служби „ги објавија сите информации што може да се објават“. ссм/

Остани поврзан