• среда, 18 декември 2024

Телефонски разговор на претседателите на Русија и Иран за влошената безбедносна ситуација во Сирија

Телефонски разговор на претседателите на Русија и Иран за влошената безбедносна ситуација во Сирија

Москва, 2 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска разговарал телефоноски со претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, за влошувањето на ситуацијата во Сирија, соопшти прес-службата на Кремљ.

„На иницијативата на иранската страна, остварен е телефонски разговор помеѓу претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, и претседателот на Исламската Република Иран, Масуд Пезешкијан“, се наведува во соопштението.

Во него уште се оценува дека „агресијата на терористички групи и банди, во голем обем, е насочена кон подривање на суверенитетот, политичката и социо-економската стабилност на сириската држава“.

Се напоменува дека била изразена безусловна поддршка за акциите на легитимните власти на Сирија за обновување на уставниот поредок и територијалниот интегритет на земјата, како и важноста на координирање на напорите во рамките на форматот Астана, со учество на Турција.

„Беше наведено и планирањето за понатамошни контакти“ помеѓу претседателите и на други нивоа, соопшти прес-службата на Кремљ. ссм/

фото: архива

Остани поврзан