• среда, 25 декември 2024

Телефонски разговор на надлежните министри од Грција и Турција за инцидентот кај Бодрум со грчки патролен брод

Телефонски разговор на надлежните министри од Грција и Турција за инцидентот кај Бодрум со грчки патролен брод

Атина, 24 септември 2024 (МИА) – За случајот со грчки патролен брод што во потера по чамец со криумчар стигнал до Бодрум, разговарале, меѓу другото министерот за поморство на Грција Христос Стилианидис и министерот за внатрешни работи на Турција Али Јерликаја, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објавија грчките и турските медиуми, во петокот, бродот на крајбрежната служба на Грција додека бркал криумчар навлегол во турските територијални води во близина на градот Бодрум, за што, според „Катимерини“ Министерството за надворешни работи на Турција упатило демарш до грчкото МНР.

Од Министерството за поморство на Грција денеска соопштија дека во телефонски разговор по иницијатива на турскиот министер, Стилианидис и Јерликаја  во однос на инцидентот се согласиле дека треба „да се избегнат слични инциденти кои можат да создадат погрешни впечатоци“.

Паралелно ја потврдиле добрата соработка на двете страни во управувањето со мигрантските бранови и „особено добрата соработка на грчката и турската крајбрежна служба“. ср/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан