• среда, 18 декември 2024

Телефонски разговор Зеленски - Макрон

Телефонски разговор Зеленски - Макрон
Киев, 17 март 2022 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека телефонски разговарал со францускиот колега Емануел Макрон, при што двата лидери го истакнале значењето на „продолжување на мирниот дијалог“. Зеленски истакна дека со Макрон разговарале и за продолжување на поддршката за Украина против руската агресија, особено во сферата на одбраната. - Мораме да ја зајакнеме антивоената коалиција, напиша Зеленски на Твитер. ми/

Остани поврзан