• среда, 25 декември 2024

Телефонски разговор Ердоган - Зеленски

Телефонски разговор Ердоган - Зеленски

Анкара, 21 јули 2023 (МИА) – Претседателот на Турција и на Украина, Реџеп Тајип Ердоган и Володимир Зеленски денеска телефонски разговараа, соопшти кабинетот на Ердоган.

Телефонскиот разговор бил инициран од Зеленски.

Тема на денешниот телефонски разговор било продолжувањето на договорот за црноморскиот коридор за жито.

Турција вложува интензивни напори да се врати мирот во Украина, посочи Ердоган. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан