• петок, 27 декември 2024

Телефонски разговор Дендиас - Ѓулер

Телефонски разговор Дендиас - Ѓулер

Атина, 6 јули 2023 (МИА) – Потребата да се задржи добрата клима меѓу двете земји, ја истакнале министрите за одбрана на Грција и Турција, Никос Дендиас и Јашар Ѓулер, во нивниот телефонски разговор и се договориле да се сретнат на самитот на НАТО во Вилнус, јави дописничката на МИА од Атина. 

Ова е прва комуникација на двајцата министри за одбрана по изборите во двете земји, а Дендиас на Твитер објави дека освен што меѓусебно си честитале за преземањето на министерските позиции, се договориле да се сретнат во Вилнус на маргините на НАТО Самитот на 11 и 12 јули

-Првично се договоривме да се разговара за мерките за градење доверба меѓу Грција и Турција, чии детали ќе бидат разјаснети во Вилнус, напиша Дендиас на Твитер.

На НАТО Самитот се очекува и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, што воедно ќе биде прва средба по изборите во двете земји. ср/сд/

Остани поврзан