• сабота, 23 ноември 2024

Телефонски разговор Бегај - Османи за состојбата на северот на Косово

Телефонски разговор Бегај - Османи за состојбата на северот на Косово
Тирана, 6 ноември 2022 (МИА) - Албанскиот претседател Бајрам Бегај оствари телефонски разговор со неговата косовска колешка Вјоса Османи за „тензичната состојба на северот на Косово“. Бегај во објава на Фејсбук напиша дека со  Османи разговарале и за оставките на претставниците на Српската листа од државните институции во Косово и за блокирање на нивното работење. - На претседателката Османи и ја изразив мојата загриженост и истовремено го охрабрив продолжувањето на дијалогот меѓу страните, имајќи го предвид зачувувањето на мирот и стабилноста, како и територијалниот интегритет на Косово гарантиран од НАТО, напиша Бегај. Тој нагласува дека останува голем интересот за евроатлантските интеграции на Косово и на целиот регион на Западен Балкан. вт/сп/

Остани поврзан