• четврток, 26 декември 2024

Телеком со зголемени приходи од продажба за 3,7 проценти во првиот квартал

Телеком со зголемени приходи од продажба за 3,7 проценти во првиот квартал

Скопје, 2 мај 2023 (МИА) - Македонски Телеком денеска објави дека во првиот квартал годинава има зголемени приходи од продажбата за 3,7 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 2,9 милијарди денари.

Од компанијата  информираа дека за разлика од 2022 година кога оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA), бележеше пад, во првите три месеци од годинава таа е зголемена за 5,6 проценти споредено со истиот период минатата година. И нето добивката, соопштува Телеком, бележи пораст од дури 33,2 проценти.

-Споредено со истиот период во 2022 година, Телеком го зголеми бројот на пристапи до оптика за 11 проценти и сега тој изнесува 281 000. Во март, бројот на корисници на оптика надмина 100 000. Оваа година се планира масовно мигрирање на корисниците од бакар на оптика во поголемиот дел од главниот град, како и во сите делови на државата каде што има оптичко покривање, информита телекомуникацискиот оператор, посочувајќи и дека продолжува ширењето и на 5G мрежата, којашто сега е достапна во 27 градови и нивните околини

Компанијата дополнува дека бројот на корисници продолжил да расте во првите три месеци на 2023 година во сите сегменти и оти на ТВ пазарот имаат удел од 33,6 проценти и раст од 1,2 проценти или 148 илјади корисници.

-Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 2,8 проценти и изнесува 204 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи исто така порасна за 2,8 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 3,3 проценти, со што бројот на корисници достигна 1,25 милиони. Во фиксната телефонија, остануваме на водечка позиција со удел од 61,2 проценти и 224 илјади корисници, стои во инфирмацијата за резултатите од работењето во првиот квартал годинава. лв/ац/

фото: МИА архива

Остани поврзан