• петок, 27 декември 2024

Телеграф: Верстапен ќе потпише нов петгодишен договор со Ред Бул за плата од 40-50 милиони долари по сезона

Телеграф: Верстапен ќе потпише нов петгодишен договор со Ред Бул за плата од 40-50 милиони долари по сезона
Лондон, 2 март 2022 (МИА) - Шампионот во Формула 1 од 2021 година, Макс Верстапен и тимот на Ред Бул се договорија да потпишат нов долгорочен договор. Според „Телеграф“, разговорите меѓу страните биле успешни. Новиот договор ќе биде дизајниран на пет години. Верстапен според новиот договор ќе добива од 40 до 50 милиони долари годишно. Во моментов раководството на пилотот и претставниците на тимот одбија да ги коментираат информациите на „Телеграф“, но официјалното соопштение за продолжување на договорот се очекува во наредните денови. Холандскиот пилот во Ф1, премина во Ред Бул во 2016 година и веднаш го освои првото место на неговата прва трка во Барселона. Во годините што следеа, Ред Бул често беше втор или трет тим во Генералниот пласман. Минатата сезона тоа се промени кога Верстапен успеа да го симне од тронот Луис Хамилтон од Мерцедес. зс/

Остани поврзан