• вторник, 24 декември 2024

Тела на 15 мигранти пронајдени во пустина меѓу Судан и Либија

Тела на 15 мигранти пронајдени во пустина меѓу Судан и Либија
Каиро, 13 август 2022 година (МИА) - Најмалку 15 тела на мигранти се пронајдени во пустината на границата меѓу Либија и Судан, соопштија денеска либиските власти. Канцеларијата за сузбивање на илегалната миграција соопшти дека мигрантите од Судан биле на пат за Либија кога останале без гориво и автомобилот им се расипал во близина на градот Куфра, каде што биле пронајдени телата. Девет лица преживеале, а двајца се водат како исчезнати. Меѓу мигрантите имало и жени и деца, но не се соопштува колку. Причината за смртта исто така не е соопштена, а се претпоставува дека останале без храна и вода. Се претпоставува дека се упатиле кон Либија, за оттаму со брод да заминат во Европа. ссм/

Остани поврзан