• недела, 28 јули 2024

„Текстилијада - 6“ во Штип, под мотото „Плата за живот - СЕГА И ВЕДНАШ!“

„Текстилијада - 6“ во Штип, под мотото „Плата за живот - СЕГА И ВЕДНАШ!“
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Во Штип од денеска до 8 октомври, во организација на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, ќе се одржува годинашната  „Текстилијада - 6“, под мотото „Плата за живот - СЕГА И ВЕДНАШ!“. - Најголемиот настан од ваков вид во регионот ја постигнува својата мисија да ги поттикне младите, работниците и работничките да се вклучат во процесите на одлучување. Преку настаните кои се од социјален и уметнички карактер да прикаже на јавноста за потребата од поддршка за подобрувањето на правата на работниците и работничките, соопштија од „Гласен Текстилец“ – Штип. Оттаму истакнаа дека оваа година настанот е дизајниран да ја покаже потребата за плата за живот, а не плата за преживување.см/мд/

Остани поврзан