Тековно се спроведува чистењето на улиците во Куманово
- Главните улици, сообраќајници во Куманово се исчистени, соопштија денеска од секторот за комунални дејности и од јавното претпријатие „Чистата и Зеленило“, кои се задолжени за зимското одржување на улиците.
Куманово, 13 јануари 2025 (МИА) - Главните улици, сообраќајници во Куманово се исчистени, соопштија денеска од секторот за комунални дејности и од јавното претпријатие „Чистата и Зеленило“, кои се задолжени за зимското одржување на улиците.
-Се чистеше по приоритет, централно градско подрачје, населбите и селата. Имавме одредени проблеми и сега се надминати кон село Тромеѓа и за улицата „Васко Карангелевски“, изјави помошникот раководител на секторот, Момчило Јовановски.
Од „Чистота и Зеленило“ годинава се задолжени за одржување на улиците во градот. Оттаму велат дека добро се екипирани и два дена постојано се на терен.
- Работиме според програмата. Првин, булеварите и улиците во централното градско подрачје, за тротоарите користиме „ајс мелт“ средство против мрзнење. Ќе работиме по овој принцип сè додека има снег. Опремата е одлична, набавена е преку општината, изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски.
Годинава градот го одржуваат екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, додека руралните средини, приватна компанија која го доби тендерот што го објави општината. Вкупно ќе бидат одвоени 14 милиони денари. Девет милиони денари користи претпријатието „Чистота и Зеленило“ и ќе ги расчистува улиците во централното градско подрачје. Останатите пет милиони денари ги користи економскиот оператор за расчистување на руралните средини.ам/бт/
Фото: МИА и „Чистота и Зеленило“