• четврток, 26 декември 2024

Тековно се спроведува реконструкцијата на малиот градски плоштад во Куманово

Тековно се спроведува реконструкцијата на малиот градски плоштад во Куманово

Куманово, 28 февруари 2024 (МИА) - Тековно се спроведува реконструкцијата на малиот градски плоштад, соопштија денеска надлежните од општината. Плоштадот е заграден со мрежа и забрането е движење на граѓаните заради изведување на градежни активности.

-Активно се работи на реконструкција на малиот плоштад. Работата на терен се одвива според утврдената динамика. Плоштадот добива сосема нов и модерен лик, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Предвидено е на малиот плоштад да се смени подлогата, да се замени урбаната опрема канделабри, клупи, жардиниери, осветлување, акцент ќе се стави на спомениците. Улицата која ги двои двата плоштада и која во моментов се користи за сообраќај ќе се менува, ќе биде поставена подлога за да има целина со зоната на малиот плоштад. Во иднина возачите ќе ги оставаат возилата на катната гаража и кај „скопски дуќани“, појаснија претходно од секторот за урбанизам.

Според електронскиот систем за јавни набавки општината од буџетот за реконструкција на плоштадот одвои 47.599.999,94 денари и избрана е скопската компанија „Ленди Груп Дооел“. Изведувачот е должен да ги заврши работите за 180 работни дена. ам/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан