• сабота, 16 ноември 2024

Тековни активности на екипите на ЈП „Улици и патишта" - Скопје

Тековни активности на екипите на ЈП „Улици и патишта
Скопје, 19 март 2022 (МИА) - Екипите на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје деновиве работат на санирање на средишните жардиниери на булеварите „ВМРО“ и „Партизански одреди“. Санирани се и оштетените пешачки патеки на улиците „Филип Втори“ и „Брадфорска“. Продолжува и санацијата на пешачките патеки во Градски парк, како и секојдневната санација на ударни дупки на градските сообраќајници. - Санација и обнова имаше на оштетените заштитни столпчиња на улиците во централно градско подрачје, како и на вертикалната сигнализација. Се обележуваат автобуските и такси постојките, а целосно е обележана и улицата „808“, информира претпријатието. Во тек се и подготовките за семафоризација на булеварот „АСНОМ“ кај новиот мост, како и подготвување на инсталацијата на семафорите на крстосница бул. „Босна и Херцеговина“ со улица „Лазо Трповски“, соопшти ЈП „Улици и патишта“ - Скопје. Екипите продолжуваат со извршување на тековните активности според предвидениот распоред и во наредните денови. цр/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан