• среда, 25 декември 2024

Тедрос: СЗО ја обнови комуникацијата со болницата Еш Шифа во Газа

Тедрос: СЗО ја обнови комуникацијата со болницата Еш Шифа во Газа

Женева, 13 ноември 2023 (МИА) - Светската здравствена организација успеа да ја врати комуникацијата со здравствените работници во болницата „Еш Шифа“ во северниот дел на Газа, изјави синоќа генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„За жал, болницата повеќе не функционира како болница“, додаде тој во својата објава на X (до неодамна Твитер).

СЗО изгуби контакт со болницата во саботата, а Министерството за здравство во Појасот Газа, под контрола на Хамас, соопшти дека најголемиот болнички комплекс во палестинската енклава се затворил откако останал без гориво.

Шефот на „Еш Шифа“ синоќа ги отфрли тврдењата на Израел дека болницата одбила снабдување со гориво под притисок на Хамас и обвинението го нарече „лага и клевета“, јави ДПА. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан