• среда, 25 декември 2024

Тедрос: Во Либан се убиени 28 здравствени работници во последните 24 часа

Тедрос: Во Либан се убиени 28 здравствени работници во последните 24 часа

Женева, 3 октомври 2024 (МИА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека во последните 24 часа во Либан загинале 28 здравствени работници.

„Многу (други) здравствени работници не се пријавуваат на должност и ги напуштија своите работни места поради бомбардирањето“, рече Тедрос на онлајн брифинг со новинари.

Според него, тоа сериозно го ограничува континуитетот на давање здравствени услуги.

„СЗО нема да може утре да достави голема планирана пратка медицински материјали во Либан поради ограничувањата на летовите“, додаде Тедрос.

Загриженоста за можното избивање на поширок конфликт на Блискиот Исток ги натера меѓународните авиокомпании да ги прекинат летовите во регионот или да избегнат минување низ воздушниот простор во областа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан