Тедеско за критиките во белгиската репрезентација: Моите родители ме научија да го завршам она што го започнав
- Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Доменико Тедеско објасни како се справува со критиките за неговата работа.
Брисел, 17 ноември 2024 (МИА) - Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Доменико Тедеско објасни како се справува со критиките за неговата работа.
На 14 ноември, Белгија загуби од Италија (0:1) во 5. коло од групната фаза на Лигата на нации. Белгијците ги загубија шансите за пласман во плејофот.
- Знам што правам и оптимист сум за иднината на оваа селекција. Сезонава мора да создадеме нов тим, да привлечеме нови играчи. Можеби некои луѓе не сакаат да го видат, но јас не можам да го сменам тоа. Секогаш постои опција за бегство, но јас не сум воспитан така. Моите родители ме научија: „Ако нешто почнуваш, заврши го“. Лекција која никогаш не ја заборавив. Горд сум и среќен што работам со овие момци. Репрезентацијата на Белгија има огромен потенцијал, ова го видов во последните месеци. Атмосферата во соблекувалната е одлична. Што и да кажат луѓето, јас ќе продолжам да работам, изјави Тедеско за тамошните медиуми.
Тедеско со белгиската репрезентација работи од февруари 2023 година. Под негово водство тимот одигра 23 натпревари, забележа 12 победи, 6 пати ремизираше и загуби на 5 средби.
Претходно, 39-годишниот фудбалски стручњак работеше во Лајпциг, Спартак Москва, Шалке и Ерзгебирге. зс/
Фото: ЕПА