Тедеско би можел да го замени Мота во Јувентус
- Поранешниот селектор на Белгија, Доменико Тедеско би можел да го преземе Јувентус, пренесе „Фудбал Италија“. Според изворот, раководството на торинскиот клуб е незадоволно од работата на актуелниот селектор на тимот, Тиаго Мота.

Торино, 21 март 2025 (МИА) - Поранешниот селектор на Белгија, Доменико Тедеско би можел да го преземе Јувентус, пренесе „Фудбал Италија“. Според изворот, раководството на торинскиот клуб е незадоволно од работата на актуелниот селектор на тимот, Тиаго Мота.
Покрај Тедеско, меѓу кандидатите во случај на смена на Мота се и Роберто Манчини и Игор Тудор.
Јувентус претрпе два сериозни последователни порази во Серија „А“ - од Аталанта (0:4) и Фиорентина (0:3). По 29 кола, тимот со 52 бода е на петтото место во поредокот.
Тедеско ја напушти функцијата селектор на репрезентацијата на Белгија во јануари оваа година. Германецот претходно беше на чело на РБ Лајпциг, Спартак Москва, Шалке 04 и Ерзгебирге Ауе. дс
Фото: Архива