• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тевез го продолжи договорот со Бока Јуниорс

Тевез го продолжи договорот со Бока Јуниорс
Буенос Аирес, 9 август 2020 (МИА) – Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез го продолжи договорот со Бока Јуниорс. Двете страни се обврзаа на соработка до крајот на сезоната 2020/21. Минатата сезона 36-годишниот напаѓач постигна девет гола и две асистенции на 17 натпревари во аргентинската лига. Во својата богата кариера, Тевез има настапувано за девет клуба, меѓу нив и за европските великани Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Јувентус. зс/

Остани поврзан