• четврток, 26 декември 2024

Тебас: Ла Лига губи 700 милиони евра годишно поради пиратски преноси

Тебас: Ла Лига губи 700 милиони евра годишно поради пиратски преноси

Мадрид, 9 октомври 2024 (МИА) - Хавиер Тебас изјави дека Ла Лига губи 700 милиони евра годишно поради пиратеријата. Проблемот со онлајн пиратеријата во спортот беше главна тема на говорот на претседателот на шпанската фудбалска лига на Генералното собрание на ОН.

Според Тебас, лигата повеќе од 11 години се бори против нелегален стриминг на натпреварите од шпанското првенство. Тој повторно го нарече пиратеријата „најголем проблем во светот на фудбалот и спортската индустрија воопшто“.

Тебас проценува дека финансиските загуби на Ла Лига поради нелегалните преноси изнесуваат 700 милиони евра годишно - 300 милиони во Шпанија и уште 400 милиони во остатокот од светот.

Оваа сезона Ла Лига обезбеди согласност од судовите и почна да ги казнува стриматерите кои незаконски пристапувале до содржината.

Пријавено е дека се изречени „илјадници казни“ во висина до 450 евра. Тебас тврди дека значителен дел од казните се платени, а казнетите престанале со пиратеријата.

Претседателот на Ла Лига исто така истакна дека организацијата подготвила 70 тужби против луѓето од Гугл, кои ги смета за соучесници во организирањето пиратски преноси. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан