• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тебас бара промени во функционирањето на ВАР

Тебас бара промени во функционирањето на ВАР

Мадрид, 25 февруари 2025 (МИА) – Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, смета дека треба да се направат промени во начинот на кој функционира ВАР бидејќи контроверзите околу судењето му штетат на фудбалот.

Системот ВАР првпат беше одобрен од Одборот на Меѓународната фудбалска асоцијација во 2016 година.

- Не можете да продолжите да работите како и обично ако нешто не функционира. Потребна е промена. Им кажав на луѓето од судиската организација дека не можеме вака да продолжиме. Ако го направиме ова, ВАР ќе биде подобар. Проблемите со ВАР се шират и во други земји, изјави Тебас за „Мундо Депортиво“.

Екипите од Шпанското фудбалско првенство често пати имаат приговори и замерки за работата на ВАР.

По 25 кола во шпанското првенство, Барселона води со 54 бода. Реал Мадрид е на второто место исто така со 54 бода, првата тројка ја заокружува Атлетико Мадрид со 53 собрани бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан